ДАНСКИТЕ ДЕЦА ТРГНАА НА УЧИЛИШТЕ ПО ЕДЕН МЕСЕЦ, ЌЕ МОРА ПОСТОЈАНО ДА МИЈАТ РАЦЕ

    ДАНСКИТЕ ДЕЦА ТРГНАА НА УЧИЛИШТЕ ПО ЕДЕН МЕСЕЦ, ЌЕ МОРА ПОСТОЈАНО ДА МИЈАТ РАЦЕУчилиштата треба да обезбедат растојание од два метра меѓу клупите (Фото: ЕПА)

    Децата до 11 години денеска се враќаат во градинките и основните училишта во Данска, откако таа стана прва европска земја која ги олесни ограничувањата воведени поради коронавирусот. Премиерката Мете Фредериксен ги поздрави децата кое одеа во едно училиште во Копенхаген.

    Данска беше една од првите земји кои воведоа строги рестрикции, затворајќи ги сите образовни институции на 12 март. Нивото на зараза во земјата сега е ниско, но критичарите велат дека ова е ризична стратегија. Во Данска досега има 6.681 позитивен случај на коронавирус и 299 починати.

    „Ќе има доста миење раце во текот на денот. Маски нема да се носат, но мора да се одржува добра дистанца меѓу децата и тоа ќе биде тешка задача“, изјави Елиса Римплер од Данската унија на воспитувачи и учители.

    Училиштата треба да обезбедат растојание од два метра меѓу клупите, часовите да се организираат во мали групи и да има што повеќе настава на отворено.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира