ДЕБЕЛИТЕ ДА ИМААТ ПРИОРИТЕТ ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ, ЗЕМЈИТЕ СО ГОЛЕМ ПРОЦЕНТ НА ДЕБЕЛО НАСЕЛЕНИЕ ИМААТ ВИСОКА СТАПКА НА СМРТНОСТ ОД КОВИД-19

    ДЕБЕЛИТЕ ДА ИМААТ ПРИОРИТЕТ ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ, ЗЕМЈИТЕ СО ГОЛЕМ ПРОЦЕНТ НА ДЕБЕЛО НАСЕЛЕНИЕ ИМААТ ВИСОКА СТАПКА НА СМРТНОСТ ОД КОВИД-19Околу 2,2 милиона од вкупно 2,5 милиони смртни случаи од ковид-19 се во земјите кои имаат голем процент на дебели луѓе (Фото: ЕПА)

    Земјите кои имаат голем процент на дебело население, како САД и Велика Британија, ја имаат највисоката стапка на смртност од ковид-19, покажа ново истражување, повикувајќи ги владите да се борат против проблемот на прекумерна тежина и при вакцинирањето да им даваат приоритет на дебелите луѓе.

    Околу 2,2 милиона од вкупно 2,5 милиони смртни случаи од ковид-19 се во земјите кои имаат голем процент на дебели луѓе, се вели во извештајот на World Obesity Federation. Земји како Велика Британија, САД и Италија, каде што над 50% од населението е со прекумерна тежина, имаат најголем удел во смртните случаи поврзани со коронавирусот.

    Проблемот не е само дебелината, туку и нивото на тежина што денес се смета за нормално во повеќето земји. Стапката на смртност е десет пати поголема во земјите во кои што повеќе од половина од возрасните имаат индекс на телесна маса поголем од 25, точка во која нормалната тежина преминува во прекумерна.

    Од земјите каде што повеќе од половина од популацијата е дебела, Белгија има најголема стапка на смртност, па следуваат Словенија, Велика Британија, Италија и Португалија, додека САД се на осмото место. Од друга страна, Виетнам има најмало ниво на дебело население и втора најниска стапка на смртност од ковид-19 на светот.

    Бевме шокирани кога увидовме колкав е соодносот помеѓу пропорцијата на дебелото население и стапката на смртност од ковид-19 во една земја. Знаевме дека има проблем во некои земји, но откривме дека тоа се јавува низ цел свет“, изјави Тим Лобстин, автор на извештајот и поранешен советник во Светската здравствена организација.

    Севкупно, главниот фактор за смрт е возраста, но дебелината е на второто место. Од порано е познато дека таа го зголемува ризикот кај луѓето откако ќе се разболат од заразна болест како грип.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира