ДЕКСАМЕТАЗОН МОЖЕ ДА ГО СПАСИ ЖИВОТОТ НА ПАЦИЕНТИТЕ СО КОВИД-19, ПОКАЖА БРИТАНСКО ИСТРАЖУВАЊЕ

    ДЕКСАМЕТАЗОН МОЖЕ ДА ГО СПАСИ ЖИВОТОТ НА ПАЦИЕНТИТЕ СО КОВИД-19, ПОКАЖА БРИТАНСКО ИСТРАЖУВАЊЕДексаметазон за една третина го намалува ризикот од смрт кај пациентите приклучени на респиратор

    Евтин и широко достапен лек наречен дексаметазон може да го спаси животот на тешко болните пациенти со КОВИД-19.

    Британските експерти велат дека лекувањето со мала доза на овој генерички стероид претставува голем чекор напред во борбата против коронавирусот, во ситуација кога сѐ уште не е развиена вакцина. Тој за една третина го намалува ризикот од смрт кај пациентите приклучени на респиратор, односно за една петина кај оние кои се на кислородна поддршка.

    Кога има услови за тоа, пациентите кои се на болничко лекување би требало да добијат дексаметазон без одложување. Од друга страна, луѓето не треба да го купуваат за дома“, вели професорот Мартин Ландреј, кој го водеше истражувањето.

    Дексаметазон не им помага на луѓето со поблаги симптоми, односно на оние кои немаат проблеми со дишењето.

    Овој лек е дел од најголемото светско тестирање на постојни третмани за да се види дали тие можат да помогнат против КОВИД-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира