ДЕЛ ОД ЗАРАЗЕНИТЕ БУГАРСКИ И РОМАНСКИ РАБОТНИЦИ ОД КЛАНИЦАТА ВО ГИТЕРСЛОХ ИЗБЕГАЛЕ НА БАЛКАНОТ

    ДЕЛ ОД ЗАРАЗЕНИТЕ БУГАРСКИ И РОМАНСКИ РАБОТНИЦИ ОД КЛАНИЦАТА ВО ГИТЕРСЛОХ ИЗБЕГАЛЕ НА БАЛКАНОТОбласта во која што живеат работниците од кланицата и нивните семејства дури викендов била оградена и ставена во карантин (Фото: Куриер)

    Дел од романските и бугарските работници од кланицата во Гитерслох, кое е ново големо жариште на коронавирусот во Германија, избегале дома, пишуваат германските медиуми.

    Во кланицата на компанијата „Тенис“ досега биле направени над 6.100 тестови за коронавирус, од кои 1.331 бил позитивен, при што шестмина се животно загрозени. Од локалните болници велат дека очекуваат да им пристигнат уште пациенти.

    Сите вработени во кланицата и членовите на нивните семејства се ставени во карантин, но јавниот обвинител на областа Гитерслох, Свен-Георг Аденауер, признава дека тој тешко се одржува под контрола.

    „Мобилните тимови проверуваат дали има празни кревети, но работниците се сместени во повеќе од 1.300 станови, од кои некои не се блиску“, изјави Аденауер.

    Германските медиуми објавија дека некои работници веќе избегале на Балканот, најверојатно преку Австрија, каде што нема гранични контроли. Тие додаваат дека зградите во кои што живеат работниците во прв момент биле обезбедени од само двајца чувари и дури вчера со ограда биле затворени три улици. Целата област сега е ставена во карантин и повеќе од 300 полицајци ги проверуваат становите на работниците.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира