ДЕМОКРАТИТЕ ЈА ПРЕЗЕМААТ КОНТРОЛАТА ВО АМЕРИКАНСКИОТ СЕНАТ ПО ДВОЈНАТА ПОБЕДА НА ПОВТОРЕНИТЕ ИЗБОРИ ВО ЏОРЏИЈА

    ДЕМОКРАТИТЕ ЈА ПРЕЗЕМААТ КОНТРОЛАТА ВО АМЕРИКАНСКИОТ СЕНАТ ПО ДВОЈНАТА ПОБЕДА НА ПОВТОРЕНИТЕ ИЗБОРИ ВО ЏОРЏИЈАРафаел Ворнок ќе биде првиот афроамерикански сенатор од Џорџија (Фото: Ројтерс)

    Демократската партија на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден ќе има контрола во Сенатот и севкупно во Конгресот откако извојува двојна победа на повторените избори во Џорџија. Рафаел Ворнок и Џон Ософ ги победија републиканските противкандидати Кели Лефлер и Дејвид Пердју, со што Демократите истовремено ќе ги контролираат Сенатот, Претставничкиот дом и Белата куќа за првпат од 2009 година.

    Гласањето во Џорџија беше повторено откако ниеден од кандидатите не ги постигна потребните 50% на општите избори во ноември. Баптистичкиот пастор Ворнок ќе биде првиот афроамерикански сенатор од Џорџија.

    Односот на силите во Сенатот сега е 50-50, но новоизбраната потпретседателка Камала Харис ќе биде 51. глас за Демократите.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира