ДЕМОКРАТИТЕ САКААТ ДА ЈА ПРЕТВОРАТ АМЕРИКА ВО КУБА, КАЖА ТРАМП ВО ФИНИШОТ НА ПРЕДИЗБОРНАТА КАМПАЊА ВО САД

    ДЕМОКРАТИТЕ САКААТ ДА ЈА ПРЕТВОРАТ АМЕРИКА ВО КУБА, КАЖА ТРАМП ВО ФИНИШОТ НА ПРЕДИЗБОРНАТА КАМПАЊА ВО САДСе очекува Трамп следниот понеделник да ја објави кандидатурата за претседател (Фото: АП)

    Доналд Трамп им порача на своите гласачи да го очекуваат неговиот митинг во Охајо следниот понеделник со големо нетрпение, навестувајќи дека тогаш ќе објави дека повторно ќе се кандидира за претседател на САД. Тој и Џо Бајден ги предводеа митинзите на своите партии во Флорида и Њујорк, додека кампањата за изборите кои би можеле да го преобликуваат Конгресот влезе во последниот ден.

    Моментумот неодамна се сврте кон Републиканците, кои се обидуваат да ја преземат контролата во двата дома на Конгресот и фаворити се да го освојат мнозинството во Претставничкиот дом. За контролата во Сенатот веројатно ќе се решава на крајно неизвесните трки во Пенсилванија, Џорџија и Невада.

    На митингот во Њујорк, Бајден кажа дека овие избори се точка која ќе ги определи следните 20 години, додавајќи дека се избира помеѓу две фундаментално различни визии за Америка.

    За тоа време, Трамп држеше едночасовен говор во Флорида, каде што ги обвини Демократите дека ја водат земјата кон комунизам.

    Демократите сакаат да ја претворат Америка во комунистичка Куба или социјалистичка Венецуела“, кажа Трамп.

    Повеќе од 40 милиони гласови досега биле уфрлени во раното гласање, со што веќе е надминат бројот од 2018. Броењето на гласовите по пошта вообичаено трае подолго, па резултатите во неколку сојузни држави нема да бидат познати веднаш по затворањето на гласачките места.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира