ДЕМОНСТРАНТ СИ ЈА ЗАПАЛИ РАКАТА НА ТЕНИСКИОТ ТУРНИР НА КОЈ СЕ ПРОСТУВА ФЕДЕРЕР

    ДЕМОНСТРАНТ СИ ЈА ЗАПАЛИ РАКАТА НА ТЕНИСКИОТ ТУРНИР НА КОЈ СЕ ПРОСТУВА ФЕДЕРЕРМладиот маж самиот го изгасна пламенот од раката, по што беше уапсен (Фото: АП)

    Демонстрант си ја запали раката откако се стрча на теренот и на кратко ја прекина играта на тенискиот турнир Купот Лејвер во „О2 арената“ во Лондон.

    Младиот маж, кој носеше маица со натписот „End UK private jets“, беше отстранет од теренот од обезбедувањето, по што беше уапсен. Тој самиот го изгасна пламенот од раката, но притоа малку ја запали и подлогата.

    Инцидентот се случи пред вториот сет од мечот помеѓу Стефанос Циципас и Диего Шварцман.

    Се појави од никаде. Никогаш не сум слушнал за ваков инцидент на тениски терен. Се надевам дека е добро“, изјави Циципас.

    На истиот турнир Роже Федерер ќе го одигра последниот меч во својата кариера.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира