ДЕН НА ЖАЛОСТ ВО КОСОВО ПО ВЧЕРАШНОТО УБИСТВО НА ПОЛИЦАЕЦ, УАПСЕНИ ШЕСТ ЛИЦА И ЗАПЛЕНЕТ ГОЛЕМ АРСЕНАЛ НА ОРУЖЈЕ

    ДЕН НА ЖАЛОСТ ВО КОСОВО ПО ВЧЕРАШНОТО УБИСТВО НА ПОЛИЦАЕЦ, УАПСЕНИ ШЕСТ ЛИЦА И ЗАПЛЕНЕТ ГОЛЕМ АРСЕНАЛ НА ОРУЖЈЕВооружената група по неколкучасовните престрелки со полицијата упадна во манастирот во Бањска (Фото: Танјуг)

    Во Косово денеска е ден на жалост, по вчерашната престрелка на северот на земјата, во која прво беше убиен еден полицаец. Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти меѓусебно се обвинуваа за една од најголемите безбедносни кризи во Косово во последните години, во која се убиени и тројца напаѓачи во селото Бањска. Вучиќ потврди дека убиените се Срби од Косово, додавајќи дека „Србите се побуниле, не сакајќи веќе да го трпат теророт на Курти“.

    Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека во акцијата на косовската полиција се уапсени шест лица, на кои им е одреден 48-часовен притвор.

    При контролите на одделни локации, станбени објекти и во возила кои се наоѓаа околу манастирот во Бањска пронајден е голем арсенал на оружје. Станува збор за стотици парчиња оружје со различен вид и калибар, униформи и логистичка опрема, вклучувајќи гранати, пиштоли, автоматски пушки, рачни ракетни фрлачи и друго“, објави косовската полиција.

    Вооружената група, за која Курти кажа дека ја сочинуваа 30-ина маскирани луѓе, по неколкучасовните престрелки со полицијата упадна во манастирот во Бањска, од каде што заминала во вечерните часови.

    Територијата на Бањска е ставена под контрола. Тоа е направено по неколку последователни борби“, изјави министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла.

    Курти кажа дека нападот бил извршен од криминалци спонзорирани од Србија и дека станува збор за професионалци со воено и полициско искуство. Вучиќ го осуди убиството на полицаецот, но го обвини Курти дека инцидентот е резултат на провокации кои траеле со месеци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира