ДЕН ПРЕД СРЕДБАТА ТРАМП-КИМ, ПЈОНГЈАНГ ПОВИКА НА ПОМИРУВАЊЕ СО СМРТНИОТ НЕПРИЈАТЕЛ

    ДЕН ПРЕД СРЕДБАТА ТРАМП-КИМ, ПЈОНГЈАНГ ПОВИКА НА ПОМИРУВАЊЕ СО СМРТНИОТ НЕПРИЈАТЕЛМалку детали за знаат за утрешната средба помеѓу Ким и Трамп во Сингапур (Фото: АП)

    Севернокорејските медиуми ја пофалија можноста изолираната држава да воспостави нов однос со САД, ден пред историскиот самит на Доналд Трамп и Ким Џонг-Ун во Сингапур.

    Ваквите коментари претставуваат голем пресврт по неколкудеценискиот непријателски однос кон САД.

    И самиот Трамп кажа дека многу ѝ се радува на претстојната средба.

    „Убаво е да се биде во Сингапур. Голема возбуда е во воздухот“, напиша Трамп на Твитер.

    Двајцата лидери вчера пристигнаа во Сингапур, што ќе биде прва средба од таков тип во историјата. Трамп се надева дека овој самит ќе го почне процесот на откажување од нуклеарното оружје на полуостровот.

    Весникот „Родонг синмун“ потврди дека Ким отпатувал во Сингапур и додаде:

    „Ние ќе воспоставиме нов однос со САД, со цел да се приспособиме на барањата на новата ера. Иако во минатото имавме непријателски однос, ако тие ја почитуваат нашата автономија, ние ќе бараме нормализација низ дијалог“.

    Со децении, САД и Северна Кореја беа заколнати непријатели, што во Пјонгјанг постојат и антиамерикански музеи и ова е првпат да се слушне ваква омекната реторика.

    Засега се познати малку детали за утрешната средба, освен дека ќе се одржи во еден луксузен хотел на островот Сентоса. Пред тоа, Трамп и Ким се отседнати во различни хотели, недалеку еден од друг.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира