ДЕСАНТИС СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ТРКАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД И МУ ДАДЕ ПОДДРШКА НА ТРАМП

    ДЕСАНТИС СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ТРКАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД И МУ ДАДЕ ПОДДРШКА НА ТРАМПДеСантис кажа дека не гледа јасен пат кон победата (Фото: АП)

    Гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, кој важеше за најголем ривал на Доналд Трамп во Републиканската партија, објави дека се повлекува од трката за претседател на САД. Тој се откажа пред внатрепартиските избори во Њу Хемпшир и изјави дека му дава поддршка на Трамп.

    Не гледам јасен пат кон победата“, изјави ДеСантис.

    Ники Хејли, последниот конкурент на Трамп, кажа дека само таа може да го победи поранешниот претседател. Тие ќе се соочат утре во Њу Хемпшир, на вторите предизбори на кои што Републиканците го бираат својот кандидат за годинашните претседателски избори. Трамп убедливо победи на првите предизбори во Ајова со освоени 51% гласови.

    Во речиси петминутно видео објавено на социјалната мрежа Икс, ДеСантис објави дека ја завршува својата седуммесечна кампања.

    Стана јасно дека мнозинството републикански гласачи сакаат да му дадат уште една шанса на Доналд Трамп. Иако имаме несогласувања со Трамп, тој е супериорен во однос на Џо Бајден и затоа ја давам сета моја поддршка за неговата републиканска номинација“, изјави ДеСантис.

    Тој се претставуваше себеси како кандидат кој би можел да ја спроведе популистичката агенда на Трамп, но без драма и багаж од минатото.

    Има само двајца луѓе во трката. Тоа го сакавме цело време и ќе одиме докрај“, изјави Хејли, која заврши на третото место во Ајова.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира