Десет луѓе се убиени, вклучувајќи полицаец, во неколкучасовната опсада на супермаркет во американската сојузна држава Колорадо. Нападот во Боулдер, кој цело време бил пренесуван на интернет и Јутјуб од сведоци, завршил откако напаѓачот бил ранет од полицијата.
Полицијата пристигнала на местото на настанот 20 минути откако напаѓачот влегол во супермаркетот и почнал да пука. Два часа подоцна, таа преку Твитер ги предупреди луѓето да не прават преноси од настанот, но снимањето од присутните пред супермаркетот сепак продолжило.
Идентитетот на напаѓачот не е објавен, а кога бил уапсен, носел само шорцови.
„Осомничениот е во притвор и можеме да ја увериме заедницата дека е безбедно. Истрагата е сложена и ќе требаат неколку дена да ја завршиме“, соопшти полицијата.