ДЕСЕТ ЗАГИНАТИ ВО ПОПЛАВИТЕ НА МАЈОРКА, НЕВРЕМЕТО СЕ ДВИЖИ КОН ИБИЦА

    ДЕСЕТ ЗАГИНАТИ ВО ПОПЛАВИТЕ НА МАЈОРКА, НЕВРЕМЕТО СЕ ДВИЖИ КОН ИБИЦАГрадот Сант Љоренс дес Кардасар е најтешко погоден од поплавите (Фото: ЕПА)

    Најмалку десет луѓе, од кои двајца британски државјани, загинале во поплавите на шпанскиот остров Мајорка.

    Голем бран на каллива вода ги потопи тесните улици на градот Сант Љоренс дес Кардасар, на источниот дел од островот, кој е најтешко погоден од поплавите, откако по поројни дождови се излеа река.

    За соседните острови Ибица и Форментера, исто така, е издадено предупредување за поплави, бидејќи невремето се движи во нивна насока.

    Итните служби досега ја потврдија бројката од десет загинати, но едно петгодишно дете се води како исчезнато. Меѓу загинатите е и британска двојка, која се удавила додека се возела со такси.

    „Пливав 500 метри низ надојдената вода за да стигнам до мојата куќа“, кажа еден жител на Сант Љоренс дес Кардасар.

    Три жртви се потврдени и во крајбрежниот град Сиљот.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари