ДЕСЕТГОДИШНАТА ЌЕРКА НА КИМ ЏОНГ УН ТРЕБА ДА БИДЕ ИДЕН ЛИДЕР НА СЕВЕРНА КОРЕЈА, ВЕЛИ СЕУЛ

    ДЕСЕТГОДИШНАТА ЌЕРКА НА КИМ ЏОНГ УН ТРЕБА ДА БИДЕ ИДЕН ЛИДЕР НА СЕВЕРНА КОРЕЈА, ВЕЛИ СЕУЛКим Ју Ае првпат се појави на јавен настан на крајот на 2022 (Фото: Гети)

    Младата ќерка на Ким Џонг Ун, која го придружуваше на тестирање проектили и на воени паради, е неговиот најверојатен наследник како лидер на Северна Кореја, вели Националната разузнавачка агенција на Јужна Кореја (НИС). Ова е првпат Јужна Кореја да истакне дека 10-годишната Ким Ју Ае ќе го наследи татко ѝ. Сепак, од НИС додаваат дека разгледуваат и други можности.

    Ким Ју Ае првпат се појави на јавен настан на крајот на 2022. Се смета дека таа е второто највозрасно дете на Ким и дека има околу десет години.

    Аналитичарите на Северна Кореја имаат забележано дека малата Ким сега ја нарекуваат „почитувана ќерка“, место „сакана“, како што првпат беше претставена во ноември 2022. Придавката почитуван/а во Северна Кореја е резервирана само за оние кои уживаат најголема почит.

    На граѓаните на Северна Кореја им се кажува дека семејството Ким има света крвна линија, со што само неговите членови можат да ја водат земјата. Ким Џонг Ун е третата генерација лидери на Северна Кореја.

    Светот првпат дозна за Ким Ју Ае во 2013, при гостувањето на кошаркарската ѕвезда Денис Родман во Северна Кореја.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира