ДЕСЕТИНА МРТВИ ВО ПУКАЊЕТО ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ВО ТЕКСАС

    ДЕСЕТИНА МРТВИ ВО ПУКАЊЕТО ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ВО ТЕКСАСНапаѓачот е уапсен, а во и околу училиштето се пронајдени неколку експлозивни направи

    Меѓу осум и десет луѓе се убиени, повеќето ученици, во пукањето во едно средно училиште во Санта Фе, Тексас, објави полицијата.

    Шерифот на округот Харис, Ед Гонсалес, кажа дека најмалку еден ученик пукал и тој е уапсен, а во училиштето, што се наоѓа 65 километри јужно од Хјустон, се пронајдени и неколку експлозивни направи.

    Според бројот на загинатите, ова е најкрвавиот напад со огнено оружје во американските училишта од пукањето во Паркленд на Флорида во февруари, што покрена масовни протести низ САД.

    „Пронајдовме неколку експлозивни направи во училиштето, но и во неговата околина. Не допирајте ништо што ви изгледа сомнително“, ги предупреди жителите шефот на полицијата Џеф Пауел.

    Тој додаде дека меѓу повредените е и еден полицаец. Две болници во близина на Хјустон примиле вкупно девет повредени.

    „Едно лице е уапсено, а приведено е уште едно кое се доведува во врска со пукањето“, кажа Пауел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира