ИЛЈАДНИЦИ БРИТАНЦИ ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ ЗАТВОРАЊЕТО НА ПАРЛАМЕНТОТ

    ИЛЈАДНИЦИ БРИТАНЦИ ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ ЗАТВОРАЊЕТО НА ПАРЛАМЕНТОТПротести се одржуваат во повеќе од 30 градови низ Британија (Фото: Ројтерс)

    Десетици илјади луѓе излегоа на протестите низ Велика Британија против одлуката на премиерот Борис Џонсон да го затвори парламентот на пет недели, во пресрет на спроведувањето на брегзит.

    Носејќи знамиња на Европската Унија и пароли кои повикуваат на одбрана на демократијата во Британија, граѓаните во голем број се собраа на повеќе од 30 локации, вклучувајќи ги Лондон, Манчестер, Ливерпул, Бирмингам, Лидс, Белфаст, Глазгов и Свонси.

    „Борис Џонсон се обидува да ја задуши нашата демократија за да може да ја спроведе својата агенда за брегзит. Сите имаме должност да станеме и да се побуниме“, изјави еден демонстрант.

    Одлуката на Џонсон да го затвори парламентот предизвика остра реакција не само на пратениците, туку и на британската јавност. Додека трае прерогацијата, парламентот не може да дебатира и да гласа, што на пратениците ќе им остави малку време да донесат закони со кои би го спречиле излегувањето на Британија од ЕУ без договор на 31 октомври.

    Протести се планирани и во Берлин, Амстердам и Рига.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира