ДЕСЕТИЦИ ИЛЈАДИ ГО ПРОСЛАВУВААТ КРАЈОТ НА ЕРАТА НА МУГАБЕ ВО ЗИМБАБВЕ

    ДЕСЕТИЦИ ИЛЈАДИ ГО ПРОСЛАВУВААТ КРАЈОТ НА ЕРАТА НА МУГАБЕ ВО ЗИМБАБВЕДемонстранти танцуваат и пеат, а еден држи натпис со апел до претседателот Мугабе да си замине, на протест во Хараре. (Фото: АП)

    Десетици илјади граѓани излегоа на улиците на главниот град на Зимбабве Хараре да ја покажат нивната поддршка за преземањето на власта од страна на војската и да побараат оставка од претседателот Роберт Мугабе, кој е во куќен притвор.

    Радосните демонстранти го наполнија центарот на градот, некои носејќи знамиња на Зимбабме, а други со транспаренти со слогани како „Мугабе мора да си замине од Зимбабве“ и „Боб не е наш вујко“. На улиците владее весела атмосфера и измешани се бели и црни демонстранти.

    „Сакаме ново Зимбабве. Сакаме сите да се обединат и да си ја вратиме назад нашата земја“, изјави 50-годишната Тина, која маршира со ќерка си, завиткнана во националното знаме.
    „Тука сме затоа што славиме. Само сакаме Мугабе да си замине. Им благодариме на генералите. Ова е нов ден на независноста“, вели 35-годишниот Шадрак, кој кажа дека е невработен.

    Армијата соопшти дека го дозволува собирот, но апелираше демонстрантите да останат мирни. Војската ја презеде власта во пуч без насилство во средата и го приведе 93-годишниот Мугабе и дел од неговите најблиски соработници. Мугабе беше на власт во Зимбабве речиси 4 децении.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари