ДЕСЕТИЦИ ЗАГИНАТИ И ИСЧЕЗНАТИ ВО ПОПЛАВИТЕ ВО ЈАПОНИЈА

    ДЕСЕТИЦИ ЗАГИНАТИ И ИСЧЕЗНАТИ ВО ПОПЛАВИТЕ ВО ЈАПОНИЈАЈугозападниот дел на Јапонија веќе неколку дена е погоден од обилни дождови (Фото: Гети)

    Најмалку 35 луѓе загинаа, а десетици се водат како исчезнати, откако обилни дождови и поплави го погодија југозападниот дел на Јапонија.

    Најмногу загинати има во областа Хирошима, каде што непрекинато врне веќе два дена, а уништени се и стотици домови.

    Над 1,5 милион луѓе добија наредба да ги напуштат своите домови, што е советувано на уште три милиони.

    Илјадници полицајци, пожарникари и војници учествуваат во масовната спасувачка операција, при што во неколку области е прогласена вонредна состојба. Се очекува дополнително влошување на ситуацијата, бидејќи нови дождови се најавени за наредните денови.

    Агенцијата „Кјодо“ објави дека некои од жртвите биле закопани живи при лизгање на земјиште.

    Над 1,5 милион луѓе добиле наредба за евакуација

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира