ДЕСНИЧАРСКА ПРАТЕНИЧКА ШОКИРАШЕ СО БУРКА ВО АВСТРАЛИСКИОТ СЕНАТ

    ДЕСНИЧАРСКА ПРАТЕНИЧКА ШОКИРАШЕ СО БУРКА ВО АВСТРАЛИСКИОТ СЕНАТ„Бурката е начин за понижување на жената“, - австралиската пратеничка позната по своите антимуслимански ставови во Сенатот ја вади бурката со која предизвика внимание (Фото: ЕПА)

    Лидерката на десничарската партија на Австралија „Една Нација“, Полин Хенсон привлече огромно внимание од сите присутни на Сенатот кога на влезот на салата на законодавниот дом се појави во бурка, во знак на револт против дозволувањето да се носи ова  парче облека од муслиманската традиција.

    Сенаторката Хенсон рече дека нејзиниот гест претставува ексремен начин за да ја пренесе својата порака, потенцирајќи го тоа што таа го гледа како опасност за безбедноста на државата. „Јас сум многу против носењето бурка“, кажа таа за радиото 2ГБ. „Таа не е верски критериум, туку е изум на мажите кои сакаат да ги покријат нивните жени. Таа е начин на понижување на жената.“

    На нејзината изјава онлајн, Хенсон наведе: „Потребата за забрана на целосното покривање на лицето во јавност е важен спор со кој се соочува современата Австралија.“

    Jaвниот обвинител Џорџ Брандис го обвини однесувањето на Хенсон  „посоветувајќи ја и предупредувајќи ја“ за навредување на религиозните групи. После неговото обраќање, на Брандис му ракоплескаа опозиционите партии.  Во неговиот емотивен говор, Брендис посочи дека Хенсон ризикува со отуѓување на околу 500.000 Австралијанци, припадници на исламската вера.

    Хенсон постојано била генератор на слични контроверзии од нејзиното влегување во  Парламентот уште во 1996. Пред два месеци таа препорача отсранување на сите деца со аутизам од училниците.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира