ДЕЦА ЗАГИНАА ВО СТАМПЕДО НА РАП КОНЦЕРТ ВО ИТАЛИЈА

    ДЕЦА ЗАГИНАА ВО СТАМПЕДО НА РАП КОНЦЕРТ ВО ИТАЛИЈАТрагедијата се случи во градот Кориналдо, кога настанала паника во клубот поради фрлен солзавец (Фото: Гети)

    Шест лица загинаа, а десетици се повредени, во стампедо во ноќен клуб во Италија.

    Трагедијата се случи во градот Кориналдо, во близина на Анкона, кога настанала паника во клубот поради фрлен солзавец. Во клубот „Лантерна ацура“ во тој момент се одржувал концерт на италијанската рап ѕвезда Сфера Ебаста и имало повеќе од 800 посетители.

    Властите кажаа дека 12 од 35-те повредени се во критична состојба. Меѓу загинатите се пет деца и жена, која на концертот ја придружувала својата ќерка.

    Италијанската новинска агенција АНСА објави дека во клубот настапила паника откако се почувствувала супстанца слична на солзавец. Еден тинејџер изјави дека најмалку еден од безбедносните излези во клубот бил заклучен.

    „Зборувавме со повеќе сведоци, но ова е огромен и сложен случај, па засега не можеме да кажеме повеќе за причините за трагедијата“, изјави командирот на полицијата Кристијан Кароца.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира