Светската здравствена организација објави дека децата над 12 години би требало да носат заштитна маска под истите услови како и возрасните, додека децата од шест до 11 години би требало да ја носат во зависност од ризикот.
Децата од 12 и повеќе години особено треба да носат маска кога не може да се гарантира растојание од барем еден метар од други луѓе и ако има голема раширеност на коронавирусот во одредена област.
Што се однесува до децата од шест до 11 години, носењето маска зависи од повеќе фактори, како интензитетот на ширењето на вирусот во областа, способноста на детето да носи маска и пристапот до маските, велат СЗО и УНИЦЕФ. Децата до пет години не би требало да носат маска.
СЗО признава дека и натаму малку се знае за тоа како децата го пренесуваат вирусот, но има докази дека тинејџерите можат да заразат други луѓе на ист начин како возрасните.