ДЕВЕТ УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕТО ВО ДВА НАРГИЛЕ БАРА ВО ГЕРМАНСКИОТ ГРАД ХАНАУ

    ДЕВЕТ УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕТО ВО ДВА НАРГИЛЕ БАРА ВО ГЕРМАНСКИОТ ГРАД ХАНАУНапаѓачот по неколку часови бил пронајден мртов во неговиот дом (Фото: Ројтерс)

    Девет луѓе се убиени во нападот на два наргиле бара во западногерманскиот град Ханау. Осомничениот напаѓач бил пронајден мртов неколку часа подоцна во неговиот дом, заедно со уште едно лице.

    Полицијата кажа дека тој најверојатно немал помагачи, но и дека засега не е познат мотив на нападот. Весникот „Билд“ објави дека напаѓачот е германски државјанин кој имал дозвола за носење оружје, при што во неговиот автомобил била пронајдена дополнителна муниција.

    Првиот напад се случи околу 22 часот во наргиле бар во центарот на градот, што се наоѓа 25 километри источно од Франкфурт, а вториот во бар во предградието Кеселштат. Гости во двата бара главно биле Курди.

    По неколкучасовна потрага која вклучи и хеликоптер, полицијата во пет часот наутро упаднала во домот на осомничениот напаѓач, каде што тој бил пронајден мртов, заедно со уште едно лице. Идентитетот на напаѓачот засега не е објавен.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира