ТРИНАЕСЕТМИНА ПАТНИЦИ ЗАГИНАА ОТКАКО ПАДНА КАБИНА ОД ЖИЧНИЦА ВО ИТАЛИЈА

    ТРИНАЕСЕТМИНА ПАТНИЦИ ЗАГИНАА ОТКАКО ПАДНА КАБИНА ОД ЖИЧНИЦА ВО ИТАЛИЈАДве деца на возраст од 5 и 9 години се во тешка состојба и тие се единствените преживеани патници во кабината. (Фото: Ројтерс)

    Тринаесет лица загинаа откако кабина на жичница падна на планина близу езерото Маџоре во северна Италија. Спасувачите велат дека две деца на возраст од 5 и 9 години се во тешка состојба и се однесени од местото на несреќата со хеликоптер во болницата во Торино.

    Тие се единствените преживеани патници кои биле во кабината, потврди за портпарол на италијанската алпска служба за спасување.

    Несреќата се случила при превоз на патници од туристичкиот град Стреза до блиската планина Мотароне во регионот на Пиемонт. Причина за несреќата е што откажа јаже во највисокиот дел од трасата која, почнувајќи од езерото Маџоре, достигнува надморска височина од 1.491 метри. Возењето траат дваесетина минути. Дефектот на јажето се случил на 300 метри од врвот на планината каде е крајната станица. Кабината падна во шумски и недостапен терен, каде се отежнати операциите за спасување.

    Жичницата беше отворена на 24 април по речиси една година затворање поради ковид-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира