ДЕВЕТМИНА ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАР ВО ДОМ ЗА СТАРИ ВО БУГАРИЈА

    ДЕВЕТМИНА ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАР ВО ДОМ ЗА СТАРИ ВО БУГАРИЈАВо моментот на пожарот во домот имало 58 штитеници (Фото: АФП)

    Девет луѓе загинаа во пожарот во дом за стари лица во источниот дел на Бугарија. Во некогашната училишна зграда во селото Ројак биле сместени 58 штитеници.

    „За жал, девет луѓе ги изгубија животите. Останатите се евакуирани, при што некои добија лекарска помош поради вдишување чад“, изјави шефот на пожарникарите од Варна, Тихомир Тотев.

    Директорката на домот Милена Мазурик кажа дека засега не се знае причината за пожарот, кој избувнал во пределот на дрвената кровна конструкција.

    „Пожарот не ги зафати собите, но имаше многу чад“, додаде Мазурик.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира