ЏОНСОН НЕ ПОПУШТА И ПОКРАЈ ОСТАВКИТЕ НА НАД 40 МИНИСТРИ И БЛИСКИ СОРАБОТНИЦИ ЗА 24 ЧАСА

    ЏОНСОН НЕ ПОПУШТА И ПОКРАЈ ОСТАВКИТЕ НА НАД 40 МИНИСТРИ И БЛИСКИ СОРАБОТНИЦИ ЗА 24 ЧАСАЏонсон со секој час го напуштаат сè повеќе соработници (Фото: АП)

    Британскиот премиер Борис Џонсон го преживеа можеби најтешкиот ден во својата политичка кариера откако вчера оставка поднесоа над 40 министри и негови блиски соработници. Иако и други го повикаа да се повлече, меѓу кои и министерката за внатрешни работи Прити Пател, Џонсон изјави дека е решен да продолжи со мандатот.

    Џонсон дури го смени министерот за домување и локални заедници и еден од своите најблиски соработници Мартин Гоув откако тој го повика да поднесе оставка.

    Откако доцна синоќа оставка даде министерот за Велс, Сајмон Харт, серијата продолжи и утрово со повлекувањето на министрите за Северна Ирска, безбедност и наука.

    И покрај тоа, Џонсон вчера инсистираше дека има огромен мандат од изборите во 2019 и дека во Конзервативната партија има доволно талентиран кадар за да се заменат министрите кои дадоа оставка.

    Новата политичка криза во Британија почна со завчерашните шокантни оставки на министрите за финансии и здравство, кои кажаа дека веќе не сакаат да бидат дел од оваа влада обремената со скандали.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира