БОРИС ЏОНСОН ПРЕКУ ЗУМ ПРИСУСТВУВАШЕ НА СЕДНИЦА НА БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

    БОРИС ЏОНСОН ПРЕКУ ЗУМ ПРИСУСТВУВАШЕ НА СЕДНИЦА НА БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТЏонсон имаше негативен тест за коронавирус, но мора да остане во изолација уште 11 дена (Фото: ПА)

    Британскиот премиер Борис Џонсон присуствуваше на денешната седница на парламентот преку Зум откако неделава повторно мораше да оди во самоизолација по контакт со лице кое било позитивно на коронавирус. Џонсон преку видеоврска одговараше на пратеничките прашања, што се одржува секоја среда.

    Во минатото, доколку премиерот не можеше да присуствува на седницата, него го менуваше друг член на владата.

    Џонсон во меѓувреме имаше негативен тест за коронавирус, но според владини правила, мора да остане во изолација уште 11 дена. Тој во март беше позитивен на коронавирус и неколку дена помина во болница.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира