И ДИРЕКТОРКАТА НА КОМУНИКАЦИИ ХОУП ХИКС ГО НАПУШТА ТРАМП

    И ДИРЕКТОРКАТА НА КОМУНИКАЦИИ ХОУП ХИКС ГО НАПУШТА ТРАМППоранешен модел Хоуп Хикс долго време важеше за еден од највлијателните советници на Трамп (Фото: Ројтерс)

    Доналд Трамп остана без уште еден важен соработник, откако Хоуп Хикс објави дека си заминува од функцијата директор на комуникации на Белата куќа.

    Дваесет и деветгодишниот поранешен модел долго време важеше за еден од највлијателните советници на Трамп.

    Таа наводно им рекла на своите колеги дека се повлекува оти постигнала сѐ што можела во Белата куќа. Хикс е четврти шеф на комуникациите во оваа администрација.

    „Сѐ уште не знаеме кога точно таа ќе си замине, но ова нема никаква врска со нејзиното сведочење во Разузнавачкиот комитет“, изјави портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.

    Хикс наводно пред панелот признала дека понекогаш лажела во интерес на Трамп, но никогаш во врска со истрагата за руското мешање во изборите.

    За време на изборната кампања, Хикс работеше како портпарол, а директор на комуникации стана во август.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира