Компанијата „Волт Дизни“ објави дека ќе донира 15 милиони долари за помош од пожарите во Лос Анџелес и да помогне во обновата. Компанијата ги објави донациите и рече дека парите ќе бидат распоредени низ неколку групи, меѓу кои и Американскиот Црвен крст, Фондацијата за противпожарна служба во Лос Анџелес и Регионалната банка за храна во Лос Анџелес.
Во округот Лос Анџелес активни се 6 пожари, досега загинаа 11 луѓе, над 150.000 се евакуирани, а изгореа над 10.000 објекти и структури.
Шумските пожари во Пацифик Палисејдс го запалија и домот на ѕвездата од серијата „Ова сме ние“, Мило Вентимиља, а меѓу уништените предмети е и колевката за првото бебе кое го очекуваат со сопругата. Вентимиља и неговата сопруга Јара Маријано која е бремена во деветиот месец се евакуираа во вторникот со нивното куче и на безбедносните камери гледаа како пламенот ја пробива куќата, уништувајќи сè, меѓу кои и колевката.
Меѓу холивудските ѕвезди чии куќи изгореа во пожарите се и Мел Гибсон, Били Кристал, Џеф Бриџис, Парис Хилтон, Кери Елвс, Хејл Џојли Осмонд и други.
Концерт за помош на жртвите од шумските пожари ќе се одржи во „Инуит дом“ на 30 јануари, објавија организаторите. Уште не се објавени информации за тоа кој е настапи, но планирани се музичките тешкаши. „Инуит дом“ е дом на Лос Анџелес Клиперс.