ДОДЕКА ЧЕКА НА ВЛЕЗ ВО НАТО, ШВЕДСКА ДОЗВОЛИ НОВ ПРОТЕСТ СО ПАЛЕЊЕ КОРАН

    ДОДЕКА ЧЕКА НА ВЛЕЗ ВО НАТО, ШВЕДСКА ДОЗВОЛИ НОВ ПРОТЕСТ СО ПАЛЕЊЕ КОРАНДанско-шведскиот политичар Расмус Палудан оваа година запали Коран пред турската амбасада во Шведска (Фото: АФП)

    Шведските власти одобрија демонстративно палење Коран во џамија во центарот на Стокхолм денеска, кога муслиманскиот свет го слави првиот ден од Курбан бајрам. Одлуката да се дозволи ваков протест би можела дополнително да ги наруши шансите на Шведска за влез во НАТО, на што се противи Турција.

    НАТО си постави за цел да ја прими Шведска во своето членство на 11 јули на самитот во Вилнус, што останува неизвесно, зашто Турција засега не дава сигнали дека ќе попушти. Во НАТО сметаат дека испуштањето на овој датум ќе испрати понижувачка и потенцијално опасна порака до противниците на алијансата.

    Одобрувајќи го протестот, судот во Стокхолм заклучи дека не постои јасна врска помеѓу безбедносни ризици и планираниот собир.

    Палењето Коран е честа активност на крајнодесничарските екстремисти во Шведска и данско-шведскиот политичар Расмус Палудан дури се прослави на овој начин. Сепак, тој не стои зад денешниот протест, туку наводен организатор е бегалец од Ирак, кој бара забрана на Коранот. Најавено е дека ќе присуствуваат само уште две лица.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира