ДОМИНИКАНСКАТА РЕПУБЛИКА ЗАПЛЕНИ 9,5 ТОНИ КОКАИН ШТО ПАТУВАЛ ЗА БЕЛГИЈА

    ДОМИНИКАНСКАТА РЕПУБЛИКА ЗАПЛЕНИ 9,5 ТОНИ КОКАИН ШТО ПАТУВАЛ ЗА БЕЛГИЈАДрогата вредна 250 милиони долари била пронајдена во пратка со банана која пристигнала во пристаништето Кауседо. (Фото: АП)

    Властите во Доминиканската Република објавија дека заплениле скоро 9,5 тони кокаин, што е најголемата заплена на дрога во историјата на земјата.

    Дрогата вредна 250 милиони долари била пронајдена во пратка со банана која пристигнала во пристаништето Кауседо во главниот град Санто Доминго, најважното пристаниште во земјата.

    Пратката била испратена од Гватемала и била наменета за Белгија, изјави Карлос Деверс, портпарол на Агенцијата за борба против дрога на Доминиканската Република. Диверс кажа дека се приведени десет лица.

    Властите досега оваа година заплениле речиси 47 тони дрога.

    Втората најголема заплена е забележана во 2006, кога властите пронајдоа повеќе од 2.580 килограми на пристаништето Кауседо.

    Доминиканската Република долго време се смета за главна транзитна точка на дрога.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира