Во огромната експлозија на градското пристаниште каде има магацини со експлозиви во либанскиот главен град Бејрут загинаа најмалку 25 луѓе, а над 2.500 се повредени, велат властите, кои сметаат дека бројот на жртвите ќе расте додека спасувачките екипи копаат во урнатните низ градот за да ги откопаат мртвите. Ова беше најсилна експлозија во градот по многу години, која ја стресе земјата.
„Сведоци сме на огромна катастрофа. Жртви и поврдени има насекаде – на сите улици и области поблиску и подалеку од местото на експлозијата“, рече шефот на либанскиот Црвен крст.
Три часа по експлозијата, огнот се уште се шири низ пристаништето и фрла портокалова светлина во ноќното небо, додека се слушаат сирените на амбулантните коли и хеликоптерите кои го надлетуваат градот.