ДОСЕГАШНИОТ ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА ВЛАДАТА ЈОШИХИДЕ СУГА ЌЕ БИДЕ НОВ ЈАПОНСКИ ПРЕМИЕР

    ДОСЕГАШНИОТ ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА ВЛАДАТА ЈОШИХИДЕ СУГА ЌЕ БИДЕ НОВ ЈАПОНСКИ ПРЕМИЕРСуга беше најголемиот фаворит да го наследи Шинзо Абе (Фото: Ројтерс)

    Јапонската владејачка партија го избра Јошихиде Суга за свој нов лидер, со што речиси сигурно ќе стане и нов премиер. Тој доаѓа на местото на Шинзо Абе, кој неодамна поднесе оставка поради здравствени причини.

    Седумдесет и едногодишниот Суга досега беше генерален секретар на владата и се очекува парламентот в среда да го потврди како нов премиер. Ова е извесно бидејќи Либерално-демократската партија има мнозинство во парламентот. Суга треба да го доврши мандатот на сегашната влада, кој трае до изборите во септември 2021.

    Суга, кој е син на одгледувач на јагоди, е ветеран во јапонската политика и се очекува да ги продолжи политиките на својот претходник.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира