ДРОНОВИ УДРИЈА ВО ДВЕ ДЕЛОВНИ ЗГРАДИ ВО МОСКВА

    ДРОНОВИ УДРИЈА ВО ДВЕ ДЕЛОВНИ ЗГРАДИ ВО МОСКВАEден чувар е повреден, јави државната агенција ТАСС. (Фото: ТАСС)

    Москва ноќеска беше нападната со дронови, за кои руското Министерство за одбрана вели дека се украински.

    Според нив, еден дрон бил соборен надвор од градот, а другите два биле неутрализирани со електронски мерки по што удриле во комплекс деловни згради. Еден чувар е повреден, јави државната агенција ТАСС.

    „Украински дронови нападнаа ноќеска. Фасадите на две деловни згради се малку оштетени“, објави градоначалникот Сергеј Собјанин.

    Москва се наоѓа на над 500 километри од границата со Украина, но беше цел на напади со дронови неколку пати годинава. Киев обично не презема одговорност за нападите на руска територија.

    Поради нападот со дронови, денеска на еден час беше затворен московскиот аеродром Внуково и летовите беа пренасочени на други аеродроми.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира