ДВА ХЕЛИКОПТЕРА СЕ СУДРИЈА ПРИ ГАСНЕЊЕ ПОЖАР ВО ГРЦИЈА

    ДВА ХЕЛИКОПТЕРА СЕ СУДРИЈА ПРИ ГАСНЕЊЕ ПОЖАР ВО ГРЦИЈАЧленови на екипажите биле двајца грчки државјани и двајца странци. (Фото: принсткрин од аматерско видео)

    Два хеликоптери од типот „Бел“ се судрија за време на интервенција за гаснење на големиот шумски пожар во областа Псата, западно од Атина. Грчката противпожарна служба соопшти дека инцидентот се случил додека леталата учествувале во операцијата за справување со огнот во регионот Атика-Беотија.

    Во двата хеликоптери, кои полетале од аеродромот во Елефсина, се наоѓале вкупно четири лица. Членовите на екипажот биле двајца грчки државјани и двајца странци.

    Спасувачките тимови беа веднаш мобилизирани на терен, а со акцијата раководеше началникот на противпожарната служба, генерал-потполковник Теодорос Вагијас. Во пребарувањето се вклучија и копнените противпожарни единици кои веќе дејствуваа во поширокото подрачје на Псата.

    Според извештаите од спасувачките служби, двајца од членовите на екипажот се пронајдени живи, додека другите двајца беа извлечени во несвесна состојба и со возила на итната медицинска помош се пренесени во болница.

    Надлежните грчки органи започнаа истрага за целосно утврдување на причините и околностите под кои дојде до воздушниот судир.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира