ДВА СИЛНИ ЗЕМЈОТРЕСИ ПОВТОРНО ЈА ПОГОДИЈА ЦЕНТРАЛНА ИТАЛИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Рим,(Би-Би-Си)

    ДВА СИЛНИ ЗЕМЈОТРЕСИ ПОВТОРНО ЈА ПОГОДИЈА ЦЕНТРАЛНА ИТАЛИЈА

    Два силни земјотреса вечерва ја погодија централна Италија, оштетувајќи згради и предизвикувајќи паника меѓу исплашените жители кои ги напуштија домовите и излегоа на улиците.

    Првиот земјотрес, со јачина од 5,5 степени, се случи во 19.10 часот близу Визо во провинцијата Мачерата, соопштија властите. Вториот, со јачина од 6,1 степени, следуваше во 21.18 часот во истата област. Според првичните информации, двајца се повредени, но нема пријави за загинати.

    Двата земјотреси се случија два месеца по силниот земјотрес од 6,2 степени во планинскиот регион околу Аматриче. Аматриче се наоѓа на само 60 километри од епицентарот на првиот денешен земјотрес.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира