ДВА УКРАИНСКИ ДРОНА ПАДНАА ВО ФИНСКА

    ДВА УКРАИНСКИ ДРОНА ПАДНАА ВО ФИНСКАГрадот Кувола се наоѓа на околу 70 километри од границата со рускиот регион Ленинград, а се смета дека беспилотните летала се поврзани со ноќните напади врз нафтените инсталации во регионот. (Фото: ДПА)

    Две беспилотни летала за кои се верува дека се украински паднаа во југоисточна Финска, објавија денеска финските медиуми. Јавниот радиодифузен сервис објави дека едно беспилотно летало паднало северно од Кувола, а друго источно од градот. Нема извештаи за повредени или штети.

    „Дронови залутаа на финска територија. Го сфаќаме ова многу сериозно“, рече министерот за одбрана Анти Хаканен.

    Министерството објави дека се откриени голем број објекти кои минуваат на мала надморска височина низ финскиот воздушен простор. Борбени авиони беа испратени за да ги идентификуваат, но не ги соборија за да избегнат штета на земја, се вели во соопштението.Воздухопловните сили ги идентификувале објектите како украински беспилотни летала, а премиерот Петери Орпо подоцна изјави дека тие „веројатно“ потекнуваат од Украина. Орпо рече дека инцидентот е сериозен и оти се истражува. Кувола се наоѓа на околу 70 километри од границата со рускиот регион Ленинград. Орпо рече дека беспилотните летала би можеле да бидат поврзани со ноќните напади врз нафтените инсталации во регионот.

    Украинските беспилотни летала постојано залутуваат во воздушниот простор на соседите на Русија во Балтичкиот регион и повремено се спуштаат на нивните територии.

    Украинските сили ноќеска нападнаа инсталации во Уст-Луга, руско пристаниште на Балтичкото Море, предизвикувајќи пожари. Гувернерот на Ленинград, Александар Дрозденко, ги потврди нападите и рече дека руските сили собориле 31 беспилотно летало. Во Ленинградскиот регион денеска беше објавена тревога за воздушен напад, а Дросденко предупреди на Телеграм за можен упад на беспилотни летала. Тој рече дека брзините на интернет може да се намалат, што е еден од неколкуте начини да се одбијат беспилотни летала.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира