ДВАЈЦА АСТРОНАУТИ ЌЕ ОСТАНАТ ЗАГЛАВЕНИ ВО ВСЕЛЕНАТА ДО 2025, А ЗАМИНАА НА ОСУМДНЕВНА МИСИЈА

    ДВАЈЦА АСТРОНАУТИ ЌЕ ОСТАНАТ ЗАГЛАВЕНИ ВО ВСЕЛЕНАТА ДО 2025, А ЗАМИНАА НА ОСУМДНЕВНА МИСИЈАБач Вилмор и Сани Вилијамс го сочинуваа првиот екипаж на капсулата „Боинг Старлјанер“ (Фото: НАСА)

    Двајца американски астронаути кои во јуни заминале на осумдневна мисија на Меѓународната вселенска станица (ИСС) ќе останат заглавени таму до следната година зашто нивната капсула „Боинг Старлјанер“ не може да се поправи за да ги врати дома, објави НАСА. Бач Вилмор и Сани Вилијамс, кои го сочинуваа првиот екипаж на оваа капсула, најверојатно ќе се вратат на Земјата во февруари 2025 со ракетата „Кру дрегон“ на „СпејсЕкс“.

    Пробната мисија на двајцата астронаути на ИСС требаше да трае само осум дена, но поради проблеми со погонскиот систем на капсулата беше доведено во прашање нивното безбедно враќање дома.

    Ако НАСА одлучи да ја промени мисијата на ‘Старлајнер‘, компанијата ќе ги преземе неопходните активности за да ја конфигурира капсулата за враќање без екипажот“, објави „Боинг“.

    Ако астронаутите се вратат со помош на „СпејсЕкс“, тоа ќе биде голем удар за „Старлајнер“, кој со години се мачи да држи чекор со фирмата на Илон Маск во вселенските истражувања.

    СпејсЕкс“ требаше да го има следното лансирање во средината на овој месец, но е одложено за 24 септември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира