ДВАЈЦА ИТАЛИЈАНЦИ КАЗНЕТИ СО 13,5 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ ШУМСКИ ПОЖАР

    ДВАЈЦА ИТАЛИЈАНЦИ КАЗНЕТИ СО 13,5 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ ШУМСКИ ПОЖАРВо пожарот што се случил на 30 декември изгореле 1.000 хектари шума (Фото: Гети)

    Двајца италијански студенти мора да платат казна од 13,5 милиони евра откако предизвикале шумски пожар во регионот Комо.

    Двајцата 22-годишници правеле скара во природа на 30 декември, кога избувнал голем пожар. Локалните власти ја пресметале огромната казна врз основа на формула што се користи за проценување штети од пожари.

    Еден од казнетите студенти изјави дека тие се само жртвени јагниња во целиот случај.

    „Многу жалиме, но имаше повеќе причини за пожарот. Ние сме жртвени јагниња за пожарот што не може да се објасни. Ние сме вистинските жртви во целата приказна. Ние веднаш ги известивме пожарникарите и многу ризикувавме кога во прв момент се обидовме да го изгаснеме огнот“, кажа тој за весникот „Ла Република“.

    Истрагата, сепак, утврдила дека изворот на пожарот е во близина на шумската куќарка на дедото на еден од студентите. Во пожарот, кој траел со денови, биле уништени 1.000 хектари шума, при што штетата е проценета на 13.542.000 евра.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари