ДВАЈЦА УБИЕНИ ВО СУДИРИТЕ ВО ВЕНЕЦУЕЛА ОТКАКО МАДУРО ЈА ЗАТВОРИ ГРАНИЦАТА СО БРАЗИЛ

    ДВАЈЦА УБИЕНИ ВО СУДИРИТЕ ВО ВЕНЕЦУЕЛА ОТКАКО МАДУРО ЈА ЗАТВОРИ ГРАНИЦАТА СО БРАЗИЛМадуро ја затвори границата за да го спречи влегувањето на хуманитарна помош (Фото: Ројтерс)

    Најмалку двајца луѓе се убиени, а неколку се повредени во судирите на границата на Венецуела со Бразил. Војската на Венецуела отворила оган кон цивили кои се обиделе да го спречат затворањето на границата, што беше наредено од претседателот Николас Мадуро поради спорот со испораката на хуманитарна помош.

    Според сведоците, војската запукала откако група цивили се обидела да блокира пат, со цел да го спречи поминувањето на воени возила.

    Во исто време, од двете страни на мостот што ги поврзува Венецуела и Колумбија, на 300 метри растојание, се одржуваат ривалски концерти. На барање на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, кој се прогласи за претседател, еден од концертите го организира британскиот милијардер Ричард Бренсон и тој има за цел да се соберат 100 милиони долари за лекови и храна.

    Хуманитарна помош веќе почна да пристига на границата со соседните земји Бразил и Колумбија. Мадуро потоа најави дека ќе ги затвори границите за да го спречи влегувањето на помошта и најави дека и самиот ќе организира концерт на венецуелската страна од мостот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира