Две лица загинаа, а 14 се повредени, од кои некои потешко, во пукање во ноќен клуб и околните улици во центарот на норвешкиот главен град Осло, соопшти полицијата. Еден осомничен е уапсен и запленети се две парчиња оружје за пукањето околу 1 часот ноќта на три локации, вклучително и геј бар.
Полицијата верува дека осомничениот е единственото лице вклучено во престрелката. Не е соопштен мотивот за нападот.
„Видов човек како пристигнува со торба, зеде пиштол и почна да пука“, рече новинар од јавниот радиодифузен сервис НРК.
Во Осло денеска треба да се одржи годишната парада на гордоста.