ДВЕ ДЕЦА И НАТАМУ КРИТИЧНО ПО ВЧЕРАШНИОТ МАСАКР ВО БЕЛГРАД, 13-ГОДИШНИОТ УБИЕЦ БИЛ ИСКЛУЧЕН ОД ОПШТЕСТВОТО, ВЕЛИ ПОЛИЦИЈАТА

    ДВЕ ДЕЦА И НАТАМУ КРИТИЧНО ПО ВЧЕРАШНИОТ МАСАКР ВО БЕЛГРАД, 13-ГОДИШНИОТ УБИЕЦ БИЛ ИСКЛУЧЕН ОД ОПШТЕСТВОТО, ВЕЛИ ПОЛИЦИЈАТАГраѓаните вчера палеа свеќи за жртвите на масакрот (Фото: Танјуг)

    Две деца и натаму се во критична состојба по вчерашниот масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград, што го изврши 13-годишен ученик, кој со пиштол уби осум деца и еден чувар. Состојбата на останатите петмина повредени е стабилна, вклучувајќи ја и наставничката по историја, на чиј час упадна Коста К.

    Девојчето кое вчера беше оперирано поради повреди на главата и натаму е во животна опасност и на интензивна нега. Лекарите прават сè за да ја одржат во живот, но нејзината општа состојба е многу тешка“, изјави директорот на Детската клиника во Белград, Синиша Дучиќ.

    Началникот на белградската полиција Веселин Милиќ изјави дека Коста К. го извршил нападот зашто бил исклучен од општеството.

    Сè уште не го знаеме мотивот. Она што го дознавме е дека тој бил игнориран и исклучен од општеството. Кога се јавил во полиција по пукањето, рекол дека е психопат и дека смета дека треба да се смири“, кажа Милиќ.

    Полицијата вчера го уапси таткото на седмоодделенецот и му одреди 48-часовен притвор, додека Вишо јавно обвинителство во Белград соопшти дека тој не може да се смета за кривично одговорен зашто сè уште нема наполнето 14 години. Исто така, не постои законска основа за негово бркање од училиштето, туку само може да биде преместен во друго.

    Адвокатката на напаѓачот Ирина Боровиќ кажа дека тој е префрлен во Центарот за социјална работа, а по разговорите со психолог и психијатар ќе се знаат следните чекори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира