ДВЕ ДЕЦА ЗАГИНАА ВО ЧЕТВРТИОТ РУСКИ ВОЗДУШЕН НАПАД НА КИЕВ ОВАА НЕДЕЛА

    ДВЕ ДЕЦА ЗАГИНАА ВО ЧЕТВРТИОТ РУСКИ ВОЗДУШЕН НАПАД НА КИЕВ ОВАА НЕДЕЛАОд почетокот на мај, Русија често го напаѓа Киев со проектили и дронови (Фото: Гети)

    Две деца и едно возрасно лице загинаа во последниот руски ракетен напад на Киев, кој беше изведен ноќеска. Од почетокот на мај, Русија често го напаѓа Киев со проектили и камиказе дронови.

    Воената управа на Киев објави дека починатите деца се на возраст од 5/6 и 12/13 години и дека двете загинале во иста област од градот. Градоначалникот Витали Кличко изјави дека имало серија експлозии во градот, при што се ранети уште 14 луѓе, од кои девет се хоспитализирани.

    Ова беше четврти воздушен напад на Киев оваа недела, а вкупно 17 беа изведени во мај. Аналитичарите сметаат дека Русија со честите напади се обидува да ја ослабне украинската противвоздушна одбрана во пресрет на долгоочекуваната противофанзива, која се планира со месеци со помош на модерното западно оружје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира