Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Солу кажа дека 20 луѓе се повредени по двете експлозии вечерва близу стадионот на фудбалскиот клуб Бешикташ во Истанбул.
Сведоците рекоа дека полицијата ја блокирала областа и се гледало чад од новиот стадион на Бешикташ. Исто така, сведоци велат дека слушнале истрели од огнено оружје, па се сомневаат дека се работи за напад на полицијата.
Приватната телевизија НТВ јави дека цел на нападот бил полициски автобус.