ДВЕ НОВИНАРКИ И ПОЛИТИЧАРКА УБИЕНИ ВО ФИНСКА

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Хелсинки,(АП)

    ДВЕ НОВИНАРКИ И ПОЛИТИЧАРКА УБИЕНИ ВО ФИНСКА

    Политичарка и две новинарки беа убиени во вооружен напад во кварт со ресторани и ноќни клубови во мал град во југоисточна Финска, соопшти полицијата. Уапсен е маж осомничен за нападот.

    Претседателката на градскиот совет во Иматра и двете локални новинарки беа застрелани во пешачка зона пред ресторан, непосредно пред да пристигне полициска патрола на местото на злосторството ноќеска околу полноќ, соопшти портпаролот на полиција Хели Јамсен-Турки.

    Полицијата кажа дека две од жртвите биле во раните 50-ти и една во 30-тите. Полицијата приведе локален 23-годишник кој не пружал отпор при апсењето. Трите жртви се застрелани неколку пати во главата во торзото. Засега не е познат мотивот. Иматра, гратче со 28 илјади жители, се наоѓа на 320 километри источно од престолнината Хелсинки.

    Во Финска, земја со 5,4 милиони жители со силна ловечка традиција, официјално има 650.000 сопственици на оружје, но убиствата со огнено оружје се невообичаени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира