Воен суд во Москва прогласи драматург и театарска режисерка за виновни за оправдување тероризам. Евгенија Беркович и Светлана Петричук се осудени на по шест години затвор за нивната претстава „Храбриот сокол Финист“.
Делумно заснована врз вистински настани, претставата зборува за Русинка која патува во Сирија за време на граѓанската војна и се мажи за припадник на Исламска држава.
Судењето се одржа зад затворени врати и беше критикувано од руските уметници, кои сметаат дека ја загрозува слободата на изразувањето во Русија.
Беркович и Петричук, кои беа во притвор од мај 2023, сега ќе бидат префрлени во казнена колонија. Обвинителството кажа дека тие формирале позитивно мислење за ИСИС и дека претставата содржи знаци на оправдување тероризам. На почетокот на судењето, двете жени изјавија дека претставата ја поставиле токму зашто се противат на тероризам.
„Настанот има за цел да спречи тероризам. Кај мене има само осуда и одвратност кон терористите. Никогаш не сум ширела никакви форми на ислам, радикални или други“, изјави Беркович.
Претставата имаше премиера во 2020 и има добиено големи награди.