Градските власти во Рим го запреа метрото по силниот земјотрес од 6,5 степени што утринава ја погоди централна Италија, а две цркви во Норча, каде беше епицентарот на длабочина од 10 километри, се срушени.
Од базиликата „Свети Бенедикт“ и катедралата „Света Марија“ останаа само дел од фасадите и структурата и монасите од „Свети Бенедикт“ велат дека многу луѓе се заглавени на плоштадот во Норча, откако зградите околу нив се срушиле.
From SkyTG24: firemen assisting nuns in Norcia as quakes continue to bring that city to its knees: #eartquake #Norcia #Terremoto pic.twitter.com/JdDcAff3jh
— Mary Shovlain (@maryshovlain) October 30, 2016
Засега нема извештаи за загинати во земјотресот, а „Ла Стампа“ јави за десетмина повредени, од кои еден посериозно. Во Толентино, каде има неколку срушени згради, три лица биле извлечени од рушевините.
Во Рим, кој се наоѓа на 132 километри од епицентарот, денешниот земјотрес предизвика поголема загриженост од оној во средата со јачина од 6,1 степени, бидејќи беше почувствуван многу посилно. Метрото е суспендирано додека траат безбедносни проверки.