ДВЕТЕ НАЈНАСЕЛЕНИ АВСТРАЛИСКИ ДРЖАВИ ЈА ЗАТВОРААТ ГРАНИЦАТА ПРВПАТ ПО 100 ГОДИНИ ПОРАДИ КРИЗАТА СО КОРОНАВИРУСОТ ВО МЕЛБУРН

    ДВЕТЕ НАЈНАСЕЛЕНИ АВСТРАЛИСКИ ДРЖАВИ ЈА ЗАТВОРААТ ГРАНИЦАТА ПРВПАТ ПО 100 ГОДИНИ ПОРАДИ КРИЗАТА СО КОРОНАВИРУСОТ ВО МЕЛБУРНДевет станбени кули во Мелбурн викендов беа ставени со строг карантин (Фото: АП)

    Границата меѓу двете најнаселени сојузни држави во Австралија, Нов Јужен Велс и Викторија, ќе биде затворена поради ширењето на коронавирусот во Мелбурн. Во изминатите две недели, во главниот град на Викторија се регистрирани стотици нови случаи на зараза, што е 95% од вкупниот број во Австралија.

    Границата ќе биде затворена од среда и ќе можат да ја поминат само оние кои имаат посебна дозвола.

    „Ова е мерка на претпазливост, што треба да ни помогне да го сопреме ширењето на вирусот. Ова е досега невидена ситуација во нашата земја“, изјави премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус, не навестувајќи до кога границата ќе остане затворена.

    Ова е првпат по повеќе од 100 години двете држави да ја затворат границата. До неодамна, повеќето нови случаи беа луѓе дојдени од странство, а сега, 80% се резултат на локално пренесување. Во изминатите 24 часа, во Викторија се потврдени 127 нови случаи на зараза.

    Минатата недела, 36 критични предградија на Мелбурн беа ставени во карантин, а викендов и девет станбени кули, на чии жители пет дена нема да им биде дозволено да излезат од дома.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира