Едно лице е убиено, а најмалку двајца полицајци се тешко повредени во напад со нож во источниот француски град Милуз.
37-годишен Алжирец е уапсен на местото на настанот, а обвинителот отвори терористичка истрага бидејќи осомничениот наводно извикал „Алаху акбар“ (Господ е голем), израз кој муслиманите ги извикуваат како симбол за нивната вера. Мажот тешко повредил двајца полицајци, еден во вратот и еден во градниот кош. Цивил кој се обидел да интервенира бил избоден и убиен.
Напаѓачот е уапсен, аспоред локалниот обвинител, осомничениот бил предмет на наредба за депортација бидејќи бил на списокот за следење тероризам.
Претседателот Емануел Макрон рече дека „нема сомнеж оти станува збор за терористички напад на исламисти“. Откако го изрази своето сочувство до семејството на жртвата, Макрон рече: „Сакам да ја повторам решителноста на владата, и мојата, да ја продолжиме работата за искоренување на тероризмот на нашата почва“.
Инцидентот се случи на демонстрации за поддршка на Демократска Република Конго, каде полицајците биле во патрола.