ЕДЕН УБИЕН И НАД 20 ПОВРЕДЕНИ ВО ПУКАЊЕ ВО БАР ВО ПРИШТИНА

    ЕДЕН УБИЕН И НАД 20 ПОВРЕДЕНИ ВО ПУКАЊЕ ВО БАР ВО ПРИШТИНАПолицијата досега идентификувала двајца осомничени за пукањето

    Триесет и деветгодишен маж почина, а повеќе од 20 се повредени во пукањето што синоќа се случи во бар во Приштина. Полицијата соопшти дека се повредени 21 лице, од кои четири биле застрелани, а останатите имаат повреди од скршено стакло.

    По расправијата помеѓу неколкумина мажи било употребено огнено оружје, како резултат на што четворица мажи биле ранети, додека 17 луѓе, од кои 14 жени, биле повредени од скршени шишиња и чаши. Четири лица се и натаму во болница“, соопшти полицијата.

    Шефот на одделот за интензивна нега во Универзитетскиот клинички центар во Приштина, Шакир Ука, потврди дека еден маж им подлегнал на повредите.

    Полицијата досега идентификувала двајца осомничени за пукањето, додавајќи дека еден и натаму е во бегство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира