ЕДЕН ЗАГИНАТ И 157 ПОВРЕДЕНИ ОТКАКО АВИОН ИЗЛЕТА ОД ПИСТА ВО ИСТАНБУЛ, ТРЕТ СЛИЧЕН ИНЦИДЕНТ НА „ПЕГАЗУС“ ЗА ДВЕ ГОДИНИ

    ЕДЕН ЗАГИНАТ И 157 ПОВРЕДЕНИ ОТКАКО АВИОН ИЗЛЕТА ОД ПИСТА ВО ИСТАНБУЛ, ТРЕТ СЛИЧЕН  ИНЦИДЕНТ НА „ПЕГАЗУС“ ЗА ДВЕ ГОДИНИАвионот слетувал во услови на силен дожд, при што не успеал да се одржи на пистата (Фото: Гети)

    Едно лице почина, а повеќе од 150 се повредени откако патнички авион излета од пистата на аеродром во Истанбул, по што се распадна на три дела.

    „Боинг 737“ на авиокомпанијата „Пегазус“ превезувал 171 патник и шест членови на екипажот од западната провинција Измир и се обидел да слета во услови на пороен дожд и силен ветер. Повеќето од патниците биле турски државјани, но имало и неколку странци.

    „За жал, авионот не успеал да одржи правец на пистата во лошите временски услови и излета десетици метри надвор од неа“, изјави гувернерот на Истанбул Али Јерликаја.

    „Боинг 737“ се распаднал на три дела (Фото: АП)

    Од Министерството за здравство потврдија дека едно лице починало, а 157 се повредени, но никој не е во критична состојба. Властите досега немаат разговарано со пилотите, еден Турчин и еден Јужнокореец, за кои се верува дека се меѓу повредените.

    Нискобуџетната компанија „Пегазус“ има 83 авиони во својата флота. На 7 јануари годинава, „боинг 737“ на истата компанија, кој леташе од Обединети Арапски Емирати, излета од пистата на истиот аеродром, при што немаше загинати. Во сличен инцидент во Трабзон во јануари 2018, „боинг 737“ на „Пегазус“ излета од пистата и за малку не заврши во морето.

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира