ЕДНА ТРЕТИНА ОД ПИЛОТИТЕ ВО ПАКИСТАН ИМААТ ЛАЖНА ДОЗВОЛА ЗА ЛЕТАЊЕ

    ЕДНА ТРЕТИНА ОД ПИЛОТИТЕ ВО ПАКИСТАН ИМААТ ЛАЖНА ДОЗВОЛА ЗА ЛЕТАЊЕМесто да полагаат испит, лажните пилоти им плаќале на други да го направат тоа во нивно име (Фото: Гети)

    Повеќе од 30% од цивилните пилоти во Пакистан имаат лажна дозвола и не се квалификувани да летаат, откри министерот за авијација Гулам Сарвар Кан.

    Обраќајќи се во Националното собрание на Пакистан, тој кажа дека „262 пилоти во земјата немаат полагано испит и им имаат платено на други да го направат тоа во нивно име“.

    „Тие немаат летачко искуство“, изјави Кан, додавајќи дека земјата има 860 активни пилоти.

    Националната авиокомпанија ПИА моментално ги повлече сите пилоти кои имаат лажна дозвола.

    „Ние сме свесни дека лажните дозволи не се само проблем во ПИА, туку се провлекува низ целата пакистанска авиоиндустрија. Некои лажни пилоти возат и за странски авиокомпании“, изјави портпаролот на ПИА, Абдула Кан.

    Ова сознание произлезе од прелиминарната истрага за падот на авионот во Карачи на 22 мај, кога загинаа 97 луѓе.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира